Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пристигна во официјална посета на Србија, а на аеродромот „Никола Тесла“ го пречека министерот за одбрана Милош Вучевиќ.
Столтенберг утре ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а потоа ќе се одржи и заедничка прес-конференција.
Во рамки на посетата на Србија, Столтенберг ќе се сретне и со премиерката Ана Брнабиќ.
Столтенберг утре попладне од Србија ќе пристигне во Македонија каде ќе има средба со македонскиот државен врв, а планирано е потоа да се обрати и пред македонското собрание. Во среда, македонскиот премиер Ковачевски и Столтенберг треба да се сретнат со лидерите на четирите земји членки на НАТО од регионот, Црна Гора, Албанија, Хрватска и Словенија, по што е предвидена и заедничка прес-конференција.