Иранскиот претседател Ебрахим Раиси испрати писмо до лидерите на 50 земји, барајќи од нив да влијаат на Израел да ги запре нападите врз Појасот Газа.
Пораката на Раиси за повикот за прекин на огнот во Газа беше испратена до рускиот и кинескиот претседател, како и до лидерите на Јордан, Казахстан, Кенија, Турција и Јужна Африка.
„Нашите земји треба да ја искористат сета моќ што им е на располагање, вклучително и суспендирање на трговските и политичките интеракции со Израел, што ќе ни помогне да придонесеме за крај на израелските злосторства во Газа“, рече иранскиот претседател.
Раиси, говорејќи во Ријад на вонредниот заеднички самит на Арапската лига и Организацијата за исламска соработка, ги повика исламските земји да ги прекинат економските односи со Израел и да воведат санкции против него, вклучително и ембарго за увоз на нафта.