ОН: Помош не пристигнува до 800.000 Палестинци на северот од Појасот Газа

Помошта, вклучувајќи го и горивото, во последните две недели стигнува само до жителите на јужниот дел на Појасот Газа, пред се, како резултат на несигурната безбедносна ситуација, соопшти Агенцијата за хуманитарни прашања на ОН-OCHA, пренесе ДПА.

ОСНА додава дека помошта не може да се дистрибуира во градот Газа и другите делови на северот, каде што стотици илјади луѓе сè уште престојуваат, пренесува германската агенција.

Според агенцијата, луѓето на север преживуваат со малку сиров зеленчук и незрело овошје што можат да го најдат, а многумина не можат да готват. Пекарите веќе не работат, а земјоделците не можат да си ги обработуваат нивите. Животните се колат, бидејќи нема храна и вода за нив.

OCHA наведува дека  на северот на Појасот Газа живеат 800.000 Палестинци, бројка што ја темели од податоците на палестинската статистичка управа на Западниот Брег, пренесува ДПА. 

Треба да знаете
Последни објави