По повод Светскиот ден на детето денеска официјално ќе биде отворена доградбата на објектот „Кокиче“ во состав на детската градинка „Весели цветови“ во општина Кисела Вода.
На отворањето најавено е обраќање на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.