Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска со највисоки почести на платото пред Владата, го пречека генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој е во официјална посета, за прв пат откако нашата држава е членка на НАТО.
Во работниот дел од агендата е предвидена тет-а-тет средба на премиерот Ковачевски со генералниот секретар Столтенберг, по што ќе се одржи билатерална средба на двете делегации, на која што од македонската Влада, покрај премиерот Ковачевски ќе присуствуваат и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Во рамки на агендата, по завршувањето на билатералната средба ќе се одржи заедничка прес-конференција на премиерот Ковачевски и генералниот секретар на НАТО Столтенберг.