Преговорите за примирје меѓу Израел и Хамас се завршени, а детали од договорот ќе бидат обелоденети подоцна, соопшти катарското Министерство за надворешни работи.
– Преговорите стигнаа до крајот, но не можеме да дадеме никакви детали додека не се постигне конечен договор – рече тој.
Претходно шефот на политичкото крило на движењето Хамас што владее со Појасот Газа, Исмаил Ханије, најави напредок во разговорите за условите за прекин на огнот. Катар е посредник во преговарачкиот процес.
Според Вашингтон пост, станува збор за петдневна пауза во борбите внатре во енклавата во замена за ослободување на заложниците.
Би-би-си јавува дека Израел се уште не се изјаснил за ова прашање, но АФП дошла до детали кои предвидуваат:
– Петдневно примирје кое ќе вклучи прекин на огнот во копнените борби и ограничување на израелските воздушни операции над јужниот дел на Појасот Газа.
– Палестинските екстремистички организации би ослободиле 50 до 100 заложници, израелски цивили или припадници на други националности, но не и израелски војници.
– За возврат, 300 Палестинци, меѓу кои жени и деца, би биле ослободени од израелските затвори.