САД ќе му обезбедат на Израел 75 заеднички лесни тактички возила (JLTV) произведени од американската Oshkosh Defense. Американскиот сајт Блумберг објави дека овие возила ќе бидат обезбедени како дел од големиот пакет воена помош за Израел инициран од администрацијата на Бајден. Оклопот за овие возила го прави израелската компанија Пласан, преку нејзината подружница Пласан Северна Америка. Вредноста на договорот е околу 30 милиони долари, по цена од околу 400.000 долари за едно возило.
Инаку тоа се истите модерни возила за кои педходно Министерството за одбрана на Македонија информира дека пристигнаа во воен конвој со нови возила на Армијата – лесни оклопни возила JLTV Oshkosh.
„Лесните оклопни возила JLTV се дел од процесот за модернизација и опремување на Армијата на Република Северна Македонија согласно НАТО стандардите и ќе бидат поддршка на Лесната пешадиска баталјонска група во Штип, која воедно е нашата НАТО единица“ соопшти Министерството за одбрана во таа прилика.
Проектот „Набавка на лесни оклопни возила на тркала“ е започнат во со склучување договори помеѓу владите на Република Северна Македонија и САД. Досега се пристигнати 32 возила од овој тип.