Си побара меѓународна конференција за решавање на конфликтот меѓу Израел и Хамас

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска повика на свикување меѓународна мировна конференција за решавање на конфликтот меѓу Израел и Хамас и апелираше за ослободување на цивилните затвореници и итен прекин на огнот во Појасот Газа.

„Сите страни во конфликтот треба веднаш да го прекинат огнот и непријателствата, да престанат со секое насилство и напади врз цивили и да ги ослободат цивилните затвореници со цел да се избегнат поголеми загуби и страдања“, рече Си на вонредниот онлајн самит на БРИКС.
Тој рече дека не може да има одржлив мир и безбедност на Блискиот Исток без „праведно решение на прашањето за Палестина“.

„Пекинг повикува на итно свикување меѓународна мировна конференција за да се работи на сеопфатно, праведно и одржливо решение за палестинското прашање“, рече тој.

Си, исто така, повика на прекин на сите насилства и напади врз цивили, да се преземат чекори за да се обезбеди безбедно и непречено минување на хуманитарната помош, да се обезбеди поголема хуманитарна помош за луѓето во Газа и да се стави крај на „ колективно казнување“ на жителите на Газа преку присилна миграција и прекин на снабдувањето со вода, струја и нафта.
„Постојано нагласувам дека конечниот начин за решавање на повторливите конфликти меѓу Палестина и Израел е „решението со две држави“, рече кинескиот претседател.

Треба да знаете
Последни објави