Добредојде за Генералниот секретар на НАТО Алијансата Јенс Столтенберг, кој е во прва посета на Република Северна Македонија откако земјата стана полноправна членка на најмоќниот воено-политички сојуз во светот напиша Спасовски.
Билатералната средба со Столтенберг е уште една потврда за повеќедимензионалните придобивки од членството во НАТО – ја делиме масата за одлучување заедно со најнапредните земји во светот и заеднички го чуваме светскиот мир на безмалку една милијарда луѓе кои ги живеат воспоставените демократски вредности на цивилизираниот свет.
Особено сум горд што донесовме вистински одлуки во вистинско време, што токму за време на Владата со која раководев во 2020 година, беше постигнат националниот консензус/одлука за членство во Алијансата, пробивајќи ги партиските и друг тип на бариери.
Искрена благодарност до сите коишто ја поддржаa евроатлантската визија на нашата држава. Во време на глобални ризици и закани испорачувањето на безбедност мора да биде заедничка одговорност, a обединетоста на НАТО и визијата за сојузништво, се клучот за конечни светски безбедност и мир.