Познатата американска актерка Сузан Сарандон (77) е исфрлена од главната холивудска агенција „Обединета агенција за таленти“ (УТА), која ги застапува талентираните уметници и професионалци во областа на забавната индустрија, откако рече дека исплашените Евреи „сега почнуваат да сваќаат како е да се биде муслиман во Америка“, објави Пејџ сикс.
Актерката го критикуваше Израел во последните неколку недели и сега е на удар поради нејзиниот последен испад по смртоносниот напад на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври, пренесе њујоркшкиот порталот. Изворите велат дека неколку членови на УТА биле крајно повредени од коментарите на Сарандон.
Портпаролот на УТА денеска изјави за порталот дека агенцијата повеќе нема да ја застапува Сарандон.
Актерката, позната по улогите во филмовите „Телма и Луиз“, а доби Оскар за „Мртвиот човрк оди“, била клиентка на УТА е од 2014 година. Годинава таа се појави во два филма, „Сина буба“ и „Можеби јас“, со холивудските ветерани Дајан Китон, Ричард Гир и Вилијам Ејч. Мејси.
Сепак, како што додава њујоршкиот портал, таа налутила одредени луѓе на пропалестинскиот протест во Њујорк минатата недела.
„Има многу луѓе кои се плашат да бидат Евреи денес, а сега разбираат што значи да се биде муслиман во оваа земја“, рече Сарандон. Во твит минатата година, Сузан ги спореди полицајците кои се собраа на погребот на убиениот њујоршки детектив Џејсон Ривера со фашисти. Таа веќе ги остави луѓето вчудоневидени кога го ретвитна екстремно десничарскиот коментар во кој се тврди дека израелски хеликоптер убил израелски граѓани на 7 октомври, додаде Пејџ сикс.