Насловната страница на денешното печатено издание на весникот „Мирор“ е посветена на фудбалскиот натпревар од последното коло во квалификациската група Ц за пласман на ЕП-2024 меѓу Македонија и Англија (1:1) кој немаше натпреварувачки предизвик, бидејќи „Гордиот Албион“ веќе имаше обезбеден настап на континеталниот собир, а „црвено-жолтите“ предвреме ги загубија шансите да бидат во игра за првите две позиции. Сепак ремито во Скопје ги налути Англичаните.
Во желбата да бидат поразлични од другите во своите коментар и напади кон својата репрезентација, новинарите од „Мирор“ намерно или не, направија политичка компарација која е чувствителна за македонските граѓани. Тие во денешното печатено издание имаат наслов: „Фала му на бога што не моравме да играме против – цела Македонија!, што може различно да се толкува, но најверојатно се мисли на фактот што играле само со државата со префикс Северна, а не и со репрезентација избрана од фудбалери од сите останати делува на географскиот поим Македонија.
Англичаните брзо заборавиле дека токму репрезентацијата од оваа Македонија до пред последниот настап во јуни, на „Олд Трафорд“ кога победија убедливо (7:0), во претходните два дуели пред своите навивачи во Саутемптон (2:2) и Манчестер (0:0) не знаеа за победа, а на гостувањата во Скопје се провлекуваа низ иглени уши. Дојде времето и тие да платат, макар со реми за среќните скопски победи !
Резултати од досегашните дуели меѓу овие две селекции:
Квалификации ЕП 2004
Англија – Македонија 2:2
Македонија – Англија 1:2
Квалификации ЕП 2008
Македонија – Англија 0:1
Англија – Македонија 0:0
Квалификации ЕП 2024
Англија – Македонија 7:0 Македонија – Англија 1:1