ЕК ја критикуваше Франција за прекумерното трошење

Европската комисија денеска оцени дека Франција и уште три земји (Белгија, Хрватска, Финска) „ризикуваат да не бидат во согласност со буџетските препораки на ЕУ“ за следната година, поради прекумерната јавна потрошувачка.

Тие четири земји се поканети да ги „преземат неопходните мерки“ за да се усогласат со европските ограничувања, изјави денеска на новинарите комесарот за економија Паоло Џентилони.
На секои шест месеци, ЕК ги пренесува буџетските траектории за 20-те земји-членки на еврозоната. Таа денеска го соопшти своето мислење за предлог-буџетот за 2024 година.

Француското Министерство за финансии, од своја страна, објави дека буџетот е усогласен со намалувањето на јавниот дефицит, кој се очекува да биде 4,4 отсто од бруто домашниот производ (БДП).

Тој дефицит мора да се намали на три проценти до 2027 година, што е граница поставена со Пактот за стабилност, буџетскиот договор на земјите од еврозоната.
Во еврозоната ниту еден нацрт-буџет за 2024 година не претставува „сериозен ризик“ од непочитување на Пактот, подвлече и ЕК.

Треба да знаете
Последни објави