Маричиќ: Нашата блокада на патот кон ЕУ во моментот има име и презиме, тоа е ВМРО-ДПМНЕ

Нашата блокада на патот кон ЕУ во моментот има име и презиме, тоа е ВМРО-ДПМНЕ и пратениците на ова партија кои решија свесно, со политичка одлука, да ја блокираат својата држава во натамошниот тек на преговорите, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, при денешната посета во општината „Ѓорче Петров“ каде беше придружуван од министерките за труд и социјална политика и за култура, Јованка Тренчевска и Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Тој оцени дека засега нема изгледи да се донесат уставните измени, но владејачката коалиција не се откажува и ќе продолжи до последниот ден од мандатот на овој собраниски состав да разговара и да ги убедува колегите од ВМРО-ДПМНЕ да не ја блокираат државата и на дело да покажат дека навистина се за ЕУ.

Според Маричиќ, од декемврискиот Самит на ЕУ се очекуваат охрабрувачки пораки, но не и, како што истакна, нешто спротивно од напишаното во Преговарачката рамка и во она што на земјава и е зададено како обврска уште минатата година.

Треба да знаете
Последни објави