(Видео) Отаменди го фрли Бразил на колена

Актуелниот светски фудбалски првак Аргентина го доби големото јужноамериканско дерби одиграно во Рио де Жанеиро против домаќинот Бразил (0:1) во 6. коло од квалификациите за СП-2026. Стрелец на победничкиот гол за „гаучосите“ беше Николас Отаменди во 63 минута.

Увертира на пресметката на славната „Маракана“ беше индицент меѓу гостинските навивачи и полицијата поради што мечот почна со половина час задоцнување. Додека ситуацијата на трибините не беше ставена под контрола, аргентинската репрезентација се повлече во соблекувалната. Во тие моменти постоеше опција натпреварот да не се одигра, но сепак фудбалерите се вратија на теренот.

Аргентина покажаа поголема борбеност во пресметката со петкратниот светски првак Бразил, кој крајот на мечот го дочека со десет играчи, бидејќи во 82. минута, само десет минути по влегувањето во игра, Жоелинтон беше исклучен, поради удар во лицето на Родриго де Пол. „Кариоките“ кои се најтрофејна селекција со освоени пет светски титули ги пречекаа лутите ривали од Аргентина, со надеж дека ќе ја прекинат серијата од два порази, но доживеаја ново разочарување и за првпат во историјата загубија три квалификациски натпревари во низа.

Резултати од другите одиграни натпревари во 6. коло од јужноамериканските квалификации
Бразил – Аргентина 0:1 (Отаменди 63)
Парагвај – Колумбија 0:1 (Боре 11-11м)
Еквадор – Чиле 1:0 (Мена 21)
Уругвај – Боливија 3:0 (Нуњез 15, 71, Виљамил 39-аг)
Перу – Венецуела 1:1 (Јотун 17 / Саварино 54)

Табела:

1. Аргентина                 6 5 0 1 8-2 15
2. Уругвај                      6 4 1 1 13-5 13
3. Колумбија                 6 3 3 0 6-3 12
4. Венецуела                6 2 3 1 6-3 9
5. Еквадор                    6 3 2 1 5-3 8
6. Бразил                     6 2 1 3 8-7 7
7. Парагвај                   6 1 2 3 1-3 5
8. Чиле                         6 1 2 3 3-7 5
9. Боливија                   6 1 0 5 4-14 3
10. Перу                       6 0 2 4 1-8 2

Треба да знаете
Последни објави