Во операција на израелската армија во Западен Брег убиени шест лица

Најмалку шест лица загинаа при операција на израелската армија во Тулкарем, во северниот дел на Западниот Брег, соопшти денеска палестинското Министерство за здравство.

Сè уште не е познато дали загинатите се припадници на екстремистички групи.

Безбедносната ситуација на Западниот Брег, окупиран од Израел, се влоши откако Хамас на 7 октомври го нападна Израел, при што загинаа околу 1. 200 луѓе.

Терористите зедоа околу 240 луѓе како заложници.

Оттогаш, според Министерството за здравство во Рамалах, 216 Палестинци во Западен Брег се убиени во судири со израелските војници и нападите на израелските доселеници.

Треба да знаете
Последни објави