Големи шумски пожари во северниот дел на Боливија

Боливија се справува со огромните пожари кои го зафатија северниот дел на земјата. Властите соопштија дека пожарот зафатил околу 30. 000 квадратни километри од боливискиот дел на Амазон.

Ширењето на пожарот го фаворизираат топлотните бранови кои ќе продолжат и во наредните денови. Според Министерството за заштита на животната средина, овој месец се регистрирани 127.000 нови пожари.

– Некои заедници намерно ја запалија шумата.

Проблемот е повеќеслоен и се анализира длабински за да може да се воведат ефективни правила за значително намалување на пожарите, изјави Едмундо Новило, министер за одбрана на Боливија.

Треба да знаете
Последни објави