Шефот на израелската дипломатија Ели Коен изјави дека процесот на ослободување на заложниците од Појасот Газа ќе почне утре.
Вкупно 50 заложници ќе бидат ослободени во текот на четиридневното примирје, според договорот постигнат помеѓу Хамас и Израел.
Коен наведе дека првата група заложници ќе биде ослободена утре, но не наведе бројка.