Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави денеска дека Русија може лесно да го врати мирот во Украина во секое време, како што рече таа, со повлекување од нелегално окупираните територии.
„На Украина повторно и треба целосен територијален интегритет и суверенитет“, рече Мелони за време на говорот на виртуелниот самит на Г20, пренесе АНСА.
Според извори од резиденцијата на италијанската премиерка, таа испратила нова осуда за постапките на Москва, поради, како што додаваат изворите, „сериозните последици и штети предизвикани за најсиромашните земји“.
Денеска се одржа виртуелен состанок на лидерите на групата Г20, со кој претседаваше Индија.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно истиот ден изјави дека Русија е подготвена да преговара за крај на војната во Украина, но дека Киев не сака да преговара за мир.
Путин го искористи својот говор на состанокот на Г-20 за да рече дека е неопходно да се размислува како да се запре трагедијата од конфликтот во Украина и рече дека Русија никогаш не одбила да учествува во мировни преговори со Украина.