Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска на онлајн самитот на Г20 повика на прекин на украинскиот конфликт.
Шолц го повика Владимир Путин, кој за прв пат од почетокот на конфликтот учествуваше на видео-конференција на шефовите на држави и влади на земјите од Г-20, да ги прекине непријателствата во Украина.
Тој, исто така, го повтори својот повик за „праведен и траен мир во Украина“ и потврди дека ќе го поддржува Киев „се додека е потребно“.
За возврат, Путин рече дека борбите се трагедија и дека треба да размислиме да ги прекинеме. Тој, сепак, нагласи дека Русија никогаш не се откажала од мировните преговори за Украина.
На 20 ноември во интервју за британскиот весник „Сан“, Зеленски се изјасни против одржување мировни преговори со Русија и покрај тешката ситуација во која се наоѓа украинската армија.
Путин на 18 октомври рече дека Украина треба да го укине указот за забрана на преговорите доколку сака да го започне преговарачкиот процес. Тој истакна дека ако порано Киев сакаше да и нанесе стратешки пораз на Руската Федерација на бојното поле, сега украинските политичари почнаа да укажуваат на важноста од одржување мировни преговори.
Последната рунда преговори меѓу Русија и Украина се одржа во Истанбул на 29 март 2022 година. Тие траеја околу три часа. Подоцна Киев официјално одби контакти со Москва. На 4 октомври 2022 година, Зеленски ја потврди одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана на земјата за неможноста да се водат преговори со Путин.