(Фото) Пожар во фабрика за бои и лакови во тетовско Фалише

Според пријавата за пожар во ЦУК, преку Единствениот број за итни повици 112 гори во фабриката за бои и лакови ,,Еуроком”.

Пожарникарите од ТППЕ Тетово веднаш се излезени на терен. Од директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов е координирана помош од пожарникарите од Скопје, Гостивар, Велес и Куманово.

Побарана е и помош од гостиварски приватни фирми коишто можат да помогнат со машинерија, бидејќи ситуацијата е алармантна за расчистување на материјалите што се во магацинот, а не се фатени од пожарот.

Од ЦУК апелираат населението кое е во линија на чадот од пожарот да ги затвори прозорците и да не престојува надвор, на отворено.

Треба да знаете
Последни објави