Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека го уништиле разузнавачкиот штаб на Хамас во градот Газа, откако падобранските бригади извршиле упад.
Израелската армија соопшти дека за време на упадот војниците убиле борци на Хамас, откриле капацитети за производство на оружје и собрале разузнавачки информации, пишува весникот Хаарец.
Се додава дека одзеле технологија, како и дека дознале важни информации за подземната структура на Хамас.
Според израелската армија, рациите биле дел од активностите на бригадата командоси во населбите Иса и Тел Ал-Хава, во градот Газа.
Претходно договореното четиридневно примирје меѓу Израел и Хамас ќе стапи на сила утре во 10:00 часот.