За да се одржат српски парламентарни избори на територијата на Република Косово, потребен е меѓудржавен договор, изјавил косовскиот премиер Албин Курти на средбата со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Косово, амбасадорот Мајкл Девенпорт.
За да се одржат српски парламентарни избори на територијата на Република Косово, потребен е меѓудржавен договор, изјавил косовскиот премиер Албин Курти на средбата со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Косово, амбасадорот Мајкл Девенпорт, јавува Анадолија.
Во однос на барањето на Србија испратено преку Мисијата на ОБСЕ за одржување избори на 17 декември на територијата на Република Косово, Курти го повтори својот став дека за ова е неопходен меѓудржавен договор и дека барањето за таков договор мора да дојде од Србија, како заинтересирана страна, се вели во соопштението на Владата на Косово.
Се додава дека тоа го изјавил косовскиот премиер во својот официјален одговор до шефот на Мисијата на ОБСЕ во Косово.
Владата на Србија на почетокот на ноември испрати барање до Мисијата на ОБСЕ во Косово да помогне во собирањето на гласовите на косовските граѓани со двојно државјанство за парламентарните избори во Србија, за што е потребна согласност од косовските институции.
Претходната практика на организирање гласање за српските избори на територијата на Косово беше прекината со доаѓањето на премиерот Курти на власт.