Фронтменот на американскиот бенд „Guns and Roses“ Ексл Роуз (61) ќе се појави на суд поради наводен сексуален напад на поранешната манекенка од Пентхаус, Шила Кенеди пред 34 години, која тврди дека „ја влечел како пештерски човек“ и ја малтретирал, објави ТМЗ.
Кенеди поднела тужба против Роуз, тврдејќи дека ја врзал и имал секс со неа за време на забава во 1989 година.
Според документите до кои дојде ТМЗ, Кенеди изјавила дека се запознала со Ексл во њујоршки клуб во февруари 1989 година и отишла на приватна забава во неговиот хотелски апартман, каде што таа тврди дека имало куп луѓе кои се дрогираат.
Понатаму се тврди дека Роуз продолжил да и се додворува, што на почетокот и било прифатливо, додека собата не се испразнила, оставајќи ја само со уште еден модел.
Кенеди истакнува дека видела дека Роуз има „агресивна сексуална врска“ со друга манекенка пред таа да отиде во друга соба со неговиот пријател, а потоа „работите се влошиле“.
Како што таа тврди, Рауз ја повлекол во кревет за коса, и ги врзал рацете со гаќички и сексуално ја нападнал.
Кенеди рече дека никогаш не се согласила на секс.
После тоа рекла дека излегла во шок, а потоа следела анксиозност и депресија.
Таа тврди дека љубовниот живот и бил нарушен и сега бара отштета.