Милановиќ: Протерувањето на хрватскиот дипломат не придонесува до подобрување на односите

– Мене ми е многу жал за тоа, но Хрватска можеше да реагира само со иста реципрочна мерка, кон српскиот дипломат во Загреб. Што правел хрватскиот дипломат? Претпоставува како и сите хрватски дипломати, ја работел својата работа. Ова не е продуктивна мерка, не придонесува до засилување и зачувување на нивото на односи, кое што и не е на така високо ниво, а би можеле да бидат на повисоко, изјави Милановиќ, одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција по неформалниот состанок на НАТО лидерите од регионот.

Во тој контекст, Милановиќ, посочи дека бил многу воздржан во однос на потребната реакција кон Белград и воведување на санкции по инцидентот на северот на Косово пред месец и повеќе.

Треба да знаете
Последни објави