Храна која содржи најмногу витамин Д: Наместо суплементи, потпрете се на природата

Бидејќи најголемиот дел од витаминот Д го добиваме од директна сончева светлина, можеме да почнеме да чувствуваме недостаток на овој витамин во сезони кога нема толку многу сончева светлина. Овој витамин е поврзан со здравјето на нашите коски и мозок, па ако не го добиваме доволно од сонцето, важно е да вклучиме повеќе храна со витамин Д во нашата секојдневна исхрана. Затоа обидете се да јадете повеќе од овие намирници.

Рибино масло

Рибиното масло се зема од ткивото на масната риба и е начин да се искористат придобивките од омега-3 масните киселини кои се наоѓаат во рибата без всушност да се јаде рибата. Откриено е дека рибиното масло помага во намалување на болката кај пациенти со артритис, го контролира крвниот притисок и холестеролот и го намалува ризикот од срцеви заболувања. Заедно со овие придобивки, добивате и околу 75 проценти од вашата дневна вредност на витамин Д со само една кафена лажичка рибино масло.

Сардини

Исто така, конзервираните сардини се лесен и достапен начин да добиете повеќе витамин Д за вашите коски и мозок. Слично на конзервираната туна, можете да јадете сардини веднаш од конзервата, да ги ставите на крекери или да направите сендвич со салата од сардини со мајонез, кромид и вашите омилени зачини.

Јајца

Јајцата се најпознати по тоа што содржат протеини и холин – хранлива материја потребна за метаболизмот, когнитивната функција и здравото мускулно ткиво – но јајцата се сметаат и за храна со витамин Д. Ќе добиете 8 проценти од вашата дневна потребна вредност со само едно јајце, но лесно можете да го удвоите за појадок и да бидете на пат кон подобар имунитет и здравје на коските.

Витами Д има и во полномасното млекот и јогуртот, козјото сирење, шампињоните, портокалот, цералиите, па затоа се препорчува да се прави комбинација од производите кои можат да дадат убав оброк, а да значат внес на потребните количини витамин Д.

Студија од Универзитетот во Источна Финска покажа дека земањето повисоки од препорачаните дози на витамин Д во текот на пет години го намалува ризикот од атријална фибрилација (најчеста аритмија, чиј ризик се зголемува со возраста, а кој е поврзан со зголемен ризик од мозочен удар, срцева слабост и смртност Се покажа дека витаминот Д има ефект, на пример, врз структурата на преткоморите и електричната функција) кај постарите мажи и жени, пишува Science Daily.

Треба да знаете
Последни објави