Институтот за историја и археологија при Факултетот за образовни науки на УГД – Штип денеска организира Прва меѓународна научна конференција на тема „Македонија-Крстопат на епохи цивилизации и култури, Историја-Археологија-Уметност“.
На конференцијата, како што наведува Институтот, се пријавени 36 труда со 45 учесници од Северна Македонија, Русија и Бугарија.