Екстремно десничарскиот антиисламст и популист Герт Вилдерс е блиску до голема победа на парламентарните избори во Холандија одржани во средата.. Ваквиот епилот сигурно ќе ја протресе цела Европа. Според последните резултати по 25 години во парламентот, неговата Партија на слободата (ПВВ) треба да има 37 места, значително повеќе од нејзиниот главен ривал, левичарскиот сојуз. Конечните резултати ќе бидат објавени на 1 декември.
За да го исполни ветувањето дека ќе биде премиер на сите, ќе мора да ги убеди другите партии да му се придружат во коалицијата. Треба да има поддршка од 76 од 150 пратенички места за да формира влада. По 25 години во холандската политика без функција, Вилдерс се очекува да ги води преговорите за коалициска влада и има добри шанси да стане премиер.
-Ќе мораме да најдеме начини да ги оправдаме надежите на нашите гласачи, да ги вратиме Холанѓаните на првото место“, рече Вилдерс во својот прв говор по победата.
Вилдерс беше осуден за дискриминација на Мароканците откако во 2014 година водеше скандирања на предизборен митинг, кога ја праша толпата дали сакаат повеќе или помалку Мароканци. Откако во минатото даде остри коментари против ЕУ, тој го ублажи тонот за време на изборната кампања додека се обидуваше да ја внесе својата партија во владата.
Вилдерс, кој често го споредуваат со поранешниот американски претседател Доналд Трамп поради неговата запалива реторика и употребата на социјалните медиуми, долго време е истакната фигура во европскиот крајно десничарски „состав“ од каде доби честитки за оставрениот успех на изборите. Тој е обожавател на националистичкиот унгарски премиер Виктор Орбан и жесток во своите анти-ЕУ ставови, повикувајќи ја Холандија да ја врати контролата врз своите граници, значително да ги намали плаќањата кон Унијата и да го блокира влезот на сите нови членки.
Вилдерс, исто така, постојано изјавува дека Холандија треба да престане да испорачува оружје на Украина, бидејќи на земјата и треба оружје за да се одбрани. Сепак, ниту една партија со која тој потенцијално би можел да формира влада не ги дели овие негови идеи.
Прашање е дали и 37-те пратенички места, двојно повеќе отколку досега, ќе ѝ бидат доволни на Партијата на слободата за да најде партнери за коалициска влада. Умерените партии на следните три позиции заедно имаат 69 пратенички места и се во подобра позиција да стигнат до мнозинство. Левиот блок на Тимерманс има 25 места, досега владејачката Народна партија за слобода и демократија (ВВД) на Дилан Јешилѓоз има 24, а новоформираната Нов социјален договор на Петер Омцихт освои 20. Клучни за идната влада ќе бидат преговорите со преостанатите 11 партии што го преминаа нискиот изборен праг од 0,67 отсто.