Полицијата во Њујорк приведе неколку пропалестински демонстранти кои денеска на кратко ја прекинаа традиционалната годишна парада на Денот на благодарноста Мејси.
Околу 30 демонстранти ги прескокнаа барикадите, истрчаа на улица и „се залепија на Шестата авенија“, која е дел од патеката на парадата.
Неколкумина лежеа неподвижни на земја, додека други одеа околу нив и ги полеваа со лажна крв додека извикуваа „Слободна Палестина! Од реката до морето, Палестина ќе биде слободна!“, пишува Њујорк пост.
Протестот имаше за цел да ја критикува американската поддршка за Израел, а демонстрантите извикуваа: „Слобода за Палестина и климата“, поврзувајќи ја кризата на Блискиот Исток со климатските промени.
Многумина од нив носеа бели комбинезони со натпис „Стоп за геноцидот“ и транспарент „Геноцид тогаш, геноцид сега“.
Додека полицајците се обидуваа да ја преместат групата, еден од демонстрантите рече: „Заглавен сум и не можам да станам. Ни треба прекин на огнот“, рече тој и рече дека Палестинците заслужуваат да се вратат во земјата на своите предци.
Полицијата на Њујорк соопшти дека „неколку“ демонстранти биле приведени, но не го прецизираше точниот број.
Парадата беше прекината кусо врме додека полицијата реагираше на инцидентот, но потоа продолжи.
Секоја година на Денот на благодарноста, секој четврти четврток во ноември, во Њујорк од 1924 година се организира парада, чиј главен организатор е синџирот продавници за играчки Мејси
Заштитен знак на парадата се огромните балони, кои најчесто се реплики на познати цртани ликови.