Против Воислав Шешељ е поднесено ново хашко обвинение

Заменик-претседателот на Српската радикална партија (СРС), Александар Шешељ потврди дека хашкото обвинение е покренато против неговиот татко, лидерот на радикалите Воислав Шешељ, како и против четворица други партиски функционери – Миљан Дамјановиќ, Љиљана и Огњен Михајловиќ и Мирољуб Игњатовиќ.

Обвинението го покрена Меѓународниот резидуален механизам во Хаг, наследник на Хашкиот трибунал.

„Точно е дека е покренато обвинение, тоа е ново обвинение за непочитување на судот. Тоа е измислен чин кој Хашкиот трибунал си даде право да го воведе како кривично дело, а тоа значи дека за што и да судат биди непочитување на судот можат некого да обвинат“, рече Александар Шешељ.

Треба да знаете
Последни објави