Три лица загинаа, а пет се повредени во рускиот напад на украинската област Херсон, соопштија локалните власти.
Според извештаите, во нападот на градот Берислав загинал велосипедист, а во одделен напад загинале маж и жена, пренесува „Ројтерс“.
На крајот на минатата година руските војници ги напуштија Херсон и западниот брег на реката Днепар, но сега тие редовно ги гранатираат тие области од позициите на источниот брег, наведува агенцијата.