Сообраќајна несреќа на Трета македонска бригада во Скопје, возило се преврте на кров

На булеварот Трета македонска бригада во близина на ПТТ училиштето во Скопје, вечерва се случи сообраќајна несреќа во која возачот на возило Форд фокус, веројато поради голема брзина, изгубил контрола врз возилото и удрил во заштитната ограда меѓу двете ленти од булеварот, по што возилото се превртело на кров.

На местото на настанот е излезена полицијата која врши увид.

Нема информации дали има повредени лица од возилото.

Треба да знаете
Последни објави