Србија и Кипар потпишаа три меморандуми за соработка

Владите на Србија и на Република Кипар, во Белград, во присуство на претседателот Александар Вучиќ и Никола Христодулидис, потпишаа три меморандуми за соработка во областа на науката, образованието и дипломатските академии.

Меморандумот за разбирање за соработка меѓу Дипломатската академија на Министерството за надворешни работи на Србија и Дипломатската академија на Министерството за надворешни работи на Република Кипар го потпишаa првиот потпретседател на владата и министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, и министерот за надворешни работи на Кипар, Констандинос Комбос.

„Се гордеам што нашата земја и Кипар потпишаа меморандуми за соработка во областа на науката, образованието и дипломатијата. Ова само дополнително ќе ги зајакне нашата соработка и пријателските односи за доброто на нашите народи“, напиша Вучиќ на „Инстаграм“.

Треба да знаете
Последни објави