Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп ќе го посети Буенос Аирес за да се сретне со новоизбраниот претседател на Аргентина, Хавиер Милеи, соопшти денеска прес-службата на новиот шеф на државата.
Соопштението беше објавено по телефонскиот разговор меѓу Трамп и Маилеи
Засега од кабинетот на Трамп не ја коментираат најавената посета.
Либертаријанецот Милеј, кој ја презема функцијата на 10 декември, освои речиси 56 отсто од гласовите во вториот круг од претседателските избори, оставајќи го зад себе својот противкандидат, поранешниот министер за економија Сергио Маса, за кого гласаа 44 отсто од избирачите.
За време на неговата изборна кампања, Милај вети дека ќе ја укине централната банка и ќе го воведе доларот во аргентинската економија за да и помогне на земјата да ја надмине финансиската катастрофа што остави 40 отсто од 45-те милиони граѓани на Аргентина во сиромаштија и ја зголеми инфлацијата на повеќе од 140 отсто.
„Знам како да го искоренам ракот на инфлацијата“, рече Милај за време на последната претседателска дебата, ветувајќи реконструкција на Аргентина и „драстични промени“.