Бугарскиот премиер Николај Денков при обраќањето во Европскиот парламент ги коментирал односите на неговата земја со Македонија. Во настапот тој потенцирал дека Бугарија е првата земја во светот што ја признала Македонија како независна држава.
-За жал, со текот на годините нашите односи се влошија и не мислам дека Бугарија е виновна за тоа. Затоа сакам јасно да кажам дека Бугарија во моментов нема други барања кон Северна Македонија, освен оние што беа утврдени во одлуката на Европската Унија минатата година, заклучил Денков, пренесуваат бугарските медиуми нагласувајќи дека Северна Македонија мора да го исполни договорот.
По ова прашање Денков не прифаќа никакви критики кон неговата земја од страна на европските колеги. Денков се огласил на оваа тема откако неколку европратеници ја повикале Софија да му го отвори патот на Скопје кон пристапувањето во ЕУ, за чија европска определба нема сомневања, бидејќи за да ѝ се отворат вратите за преговори таа го промени и името.