Црниот петок е ден кој многумина го користат за да купат работи по намалени цени, бидејќи тогаш има голема распродажба во продавниците.
Секоја година, црниот петок се одржува низ целиот свет на четвртиот петок од ноември.
Постојат неколку теории за потеклото на името „Црн петок“, но најверојатната е дека овој термин е измислен од полицијата во Филаделфија, уште во 1960-тите, поради хаосот и проблемите во сообраќајот ден по Денот на благодарноста. На тој ден традиционално почнуваат божиќните и новогодишните распродажби, па полицијата имаш најмногу работа.
Тогаш голем број луѓе од предградијата доаѓаа во градот за да го направат новогодишниот шопинг, а неколку години и да присуствуваат на саботниот фудбалски натпревар.
Се случуваа огромни турканици кои беа проблематични за полицијата која работеше интензивно, долги смени за да се справи не само со гужви и судири, туку и со сообраќајни несреќи и кражби.
Терминот се појави со текот на времето, но не се прошири низ САД до крајот на 1980-тите, кога маркетерите почнаа да го шират митот за преминување од црвено во црно.
Имено, трговците, незадоволни од негативното значење на овој термин, почнаа да тврдат дека „црн петок“ е денот кога продавниците „завршуваат на црно“, односно остваруваат профит, бидејќи луѓето трошат повеќе пари на продажба. Името настанало затоа што во сметководството црната боја се користи за означување на добивката, а црвената боја се користи за загуба.
Падот на пазарот на злато
Друга теорија вели дека црниот петок го добил името по големиот пад на пазарот на злато во Америка, кој се случил на 24 септември 1869 година. Тогаш двајца финансиери од Волстрит, Џеј Гулд и Џим Фиск, се обидоа да манипулираат со цената на златото со преземање на националниот пазар на злато на Њујоршката берза, купувајќи што е можно повеќе од него за да ги зголемат цените. Интервенцијата на тогашниот американски претседател Јулисис Грант им ги расипа плановите. Берзата потона, дојде до економска криза, а резултатот беше банкрот на илјадници Американци. Тој петок беше наречен „црн“ поради големата загуба што ја претрпеа многу луѓе.
Симбол на потрошувачка култура
Црниот петок се здоби со популарност во Америка во текот на 20 век, а особено од 2000 година, кога стана најпрометниот ден во годината за продавниците.
Малку по малку, црниот петок се прошири низ светот. Како што пишува Форбс, се појавил во Канада во 2008 година, во Велика Британија во 2010 година, а во Австралија и Нов Зеланд околу 2013 година. Се рашири од држава до држава, а денес повеќето луѓе чувствуваат дека црниот петок постои зотсекогаш, иако феноменот е релативно нов. Посебно се засили со појавата на социјалните мрежи, бидејќи помладите потрошувачи полесно ги следат трендовите и соодветно бараат попусти.
Црниот петок се прошири во Сајбер Понеделник, кој е фокусиран на онлајн купување, а многу продавници нудат попусти за Црна недела или дури и за црниот месец.
Така, црниот петок стана симбол на потрошувачката култура и шопинг манија.