Ирската полиција соопшти дека смета дека нападот во Даблин, во кој беа повредени пет лица, не е поврзан со тероризам и дека станува збор за „независен напад“.
Иако истрагата е сè уште во рана фаза, полицијата е уверена дека нема „активности поврзани со тероризам“ и дека ќе испадне дека станува збор за „независен напад“, но допрва осттанува да се утврдат причините за нападот.
Најмалку пет лица, меѓу кои три деца, се повредени денеска во напад со нож во близина на училиште во центарот на Даблин, јавија медиумите.
Осомничениот маж е приведен и на местото на настанот му била укажана лекарска помош поради повреди за кои се верува дека си ги нанел самиот.
Нападот се случил нешто по 13 часот по локално време во близина на плоштадот Парнел, а повредените се хоспитализирани во различни болници низ градот.