Најмалку 90 Палестинци уапсени на Западниот Брег

Израелските сили синоќа уапсија најмалку 90 Палестинци на окупираниот Западен Брег, од кои 36 од селото Азун источно од Калкилија и бегалскиот камп Аруб, соопшти Здружението на палестински затвореници.

Меѓу уапсените Палестинци има и поранешни затвореници, пренесува Ал Џезира.

Како што се наведува, од почетокот на конфликтот на 7 октомври, на Западниот Брег се уапсени 3.130 Палестинци, пренесува Танјуг.

Треба да знаете
Последни објави