Папата Франциск го покани патријархот на Руската православна црква Кирил на средба оваа година во Обединетите Арапски Емирати, изјави денеска претседателот на Светската унија на стари верници, Леонид Севастијанов.
„Папата го покани патријархот да се сретнат во Емиратите. Сепак, одлуката дали да се прифати поканата ќе ја донесе патријархот“.
Претходно беше најавено дека Папата ќе учествува на состанокот за климатските промени што ќе се одржи во Дубаи од 1 до 3 декември, а ден претходно ќе биде во Абу Даби.