-Мицкоски бадијала се крсти во коалицијата со Левица, на изборите наредната 2024 година антиевропскот блок на ДПМНЕ и Левица на купче ги чека пораз од граѓаните, се вели во рекцијата од СДСМ на ставовитр на Христијан Мицко во „Само интервју“.
-Проевропската коалиција предводена од СДСМ ќе победи на изборите и претседателскиот кандидат предложен од СДСМ ќе биде претседател на државата.
По изборите СДСМ повторно ќе ја формира проевропската коалициска Влада и премиер повторно ќе биде Димитар Ковачевски.
Граѓаните не сакаат изолација, нови иселувања на младите, стагнација и неизвесност.
Граѓаните сакаат членство во ЕУ, поголеми плати, подобар животен стандард, сакаат младите својата иднина да ја градат во европска држава, дома, во својата татковина.
Победата на проевропскиот блок предводен од СДСМ тоа ќе го обезбеди, ќе ја води земјата до полноправно членство во ЕУ, стои во реакцијата.