(Видео и фото) Балотели во сообраќајна несреќа уништи автомобил од 100.000 евра, па одбил алкотест

Контроверзниот италијански фудбалер Марио Балотели доцна синоќа доживеал сообраќајна несреќа во Бреша, Италија, при што си го уништи автомобилот „Ауди К8“ вреден 100.000 евра ! Неговиот автомобил удрил во бетонски ѕид покрај патот, а Балотели имал среќа, од овој сообраќајен инцидент излегол без посериозни последици. Системот за безбедност бил активиран и го спасиле воздушните перничиња.

Според извештаите на италијанската полиција, Марио возел со несоодветна брзина, изгубил контрола и удрил во ѕид, по што не сакал да прави алкотест ! Поради тоа полицијата му ја одзела возачката дозвола, додека братот на Енох Барвуа дошол да го земе и го однел дома.

На фотографиите се гледа дека автомобилот е згмечен, а на видеото од местото на сообраќајната несреќа се гледа како Балотели го напушта автомобилот. Од ударот му било тешко да оди, а брзата помош го однела во болница на дополнително набљудување.

Треба да знаете
Последни објави