Војниците заложници ќе бидат ослободени само во замена за сите затвореници

Лидерот на палестинскиот Исламски џихад, Зиад Наклалех денеска изјави дека израелските војници кои се меѓу 240-те заложници однесени во Појасот Газа ќе бидат ослободени само во замена за сите Палестинци во израелските затвори. Исламски џихад, наводно, држи 40 заложници киднапирани од Хамас и други палестински екстремистички организации во нападите врз јужен Израел на 7 октомври. Денеска и во следните три дена ќе бидат ослободени 50 заложници во замена за 150 палестински затвореници. Двете страни прво ќе ги ослободат жените и децата. – Непријателските воени затвореници нема да бидат ослободени ако нема слобода за нашите затвореници и тоа е поврзано со крајот на агресијата, рече Наклалех во телевизиско обраќање. Тој процени дека Израел ќе биде принуден „на крајот да постигне договор по системот ’сите за сите‘“. 

Треба да знаете
Последни објави