Утрово е најстудено на Попова Шапка, нула степени, а во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Маврови Анови, 12 литри на метар квадратен, информира УХМР.
До 07:30 часот се измерени 3 степени во Лазарополе, 4 во Скопје-Зајчев Рид, Маврови Анови и Крушево, 5 во Тетово, 7 во Скопје-Петровец, Претор, Струмица и Велес, 8 во Крива Паланка, Охрид, Битола, Берово и Дебар, 9 во Прилеп, Штип и Кавадарци, 10 во Виница, 11 во Демир Капија и Гевгелија, како и 12 степена во Дојран.
Висината на водниот талог изнесува до 7 часот изнесувал 10 литри на метар квадратен во Лазарополе, 7 во Дебар, 5 во Охрид, 4 во Крива Паланка, Претор и Крушево, 3 во Тетово и Прилеп, 2 во Скопје- Зајчев Рид, Битола, Кавадарци и Попова Шапка, како 1 литар на единица површина во Скопје-Петровец и Берово.
Според УХМР, времето во текот на денот ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 25 l/m2). На планините врнежите ќе бидат од снег.
Температурата значително ќе опадне и врнежите од дожд ќе преминат во снег и во пониските места.
На планините и на повисоките места ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен (над 70 km/h) северен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 степени.
Во Скопје облачно и студено, претпладне со врнежи од дожд кои попладне и до крајот на денот ќе преминуваат во снег и се очекува да се формира помала снежна покривка, особено во повисоките делови од котлината.
Ќе дува засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 7 степени.