На социјалните мрежи корисниците споделуваат информации дека во големата полициска акција во Струга меѓу уапсените дваесеттина луѓе е и Драган Стојаноски – Командант, за кој се тврди дека е поранешен телохранител на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Стојаноски своевремено бил дел и од Единицата за брзо распоредување на полицијата, а бил и дел од настаните на 27 април 2017 година, каде на снимки можеше да се забележи како со спуштен штит и без шлем, пее заедно со насилнците кои упаднаа во Собранието.
Драган Стојаноски – Командант е дел од уапсените во групата од 20 криминалци во Струга, кои се занимавале со дрога и оружје. Исто така и голем вморон и телохранител на Мицко. Секако дека Мицко се опкружува со најголемите криминалци, тоа е природно за ДПМНЕ. pic.twitter.com/DrfcTxee4w
— ☀️ (@sunnyvagrant) November 25, 2023
Не само што е вмровец, туку беше и телохранител на Мицкоски. https://t.co/zCQqRr5Wf6 pic.twitter.com/f0ASCvfJ6W
— Цандо Македонски (@CandoMakedonski) November 24, 2023