Ѓоковиќ загуби од Синер – двојките го решаваат патот до финалето на Дејвис купот

Новак Ѓоковиќ загуби од Јаник Синер во вториот натпревар од Дејвис купот со 2:1 (6:2, 2:6, 7:5). Веќе во првиот сет беше јасно дека не е добар ден за Новак, а дека Синер е расположен за игра. Така Синер водеше со 3:1, па 4:1, па 5:1, а тој сет заврши со 6:2.

Новак добро го започна вториот сет, поведе со 3:1, па 4:1. На крајот од вториот сет резултатот беше ист како и во првиот сет 6:2, но во корист на српскиот тенисерр.

Во решавачкиот сет се играше гејм по гем до резултатот 5:5, кога Синер направи брејк и поведе на сервис на Ѓоковиќ со 6:5. талијанецот водеше со 6:5 и не му дозволи на Новак да направи изненадување на негов сервис, па по овој меч на семафорот стоеше 7:5 за Синер, односно Италија 1, Србија 1.

Одење во финалето на Дејвис купот ќе обезбеди репрезентацијата која ќе победи во двојките.
Да потсетиме, Миомир Кецмановиќ на првиот меч со фантастична игра и донесе предност на Србија во полуфиналето на Дејвис купот против Италија, откако по пресврт го совлада Лоренцо Музети – 6:7, 6:2, 6:1. .

Треба да знаете
Последни објави