Блинкен ќе присуствува на неформалната вечера на Министерскиот совет на ОБСЕ, за Лавров не е потврдено

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен ќе дојде на неформалната вечера на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, потврди денеска министерот за надворешни работи и претседавач на ОБСЕ, Бујар Османи.

Османи, кој одржа брифинг со новинарите околу подготовките на Советот, не можеше да прецизира дали на неформалната вечера ќе присуствуваат и рускиот и украинскиот министер за надворешни работи.

Како што рече, агендите на сите министри се различни, па не мора да значи дека секој од нив ќе биде присутен на конференцијата сите три дена.

На 28 ноември, информира Османи, ќе почнат да пристигнуваат гостите, а неформалната вечера е предвидена за 29 ноември со поголемиот број министри.

На вечерата се очекува да бидат изнесени ставовите на државите во однос на иднината на ОБСЕ, но тема, како што рече Османи, ќе биде и агресијата во Украина.

На  Министерскиот совет е предвидено одржување и повеќе други, т. н. странични настани, за кои се планирани неколку теми: Украина, климатски промени, млади и цивилно општество. . .

Треба да знаете
Последни објави