Договорот меѓу Хамас и Израел за размена на Палестинци за Израелци ќе продолжи вечерва по доцнењето, според Мајед Ал Ансари, портпарол на Министерството за надворешни работи на Катар.
„По одложувањето на спроведувањето на ослободувањето на затворениците од двете страни, пречките беа надминати преку катарско-египетските комуникации со двете страни, а вечерва 39 палестински цивили ќе бидат ослободени во замена за ослободување на 13 израелски затвореници од Газа покрај 7 странци надвор од рамките на договорот“, напиша Ал Ансари на арапски на својот Х профил.
Не беа дадени детали за седумтемина странци споменати од Ал Ансари.
Во објавата на Телеграм, Хамас рече дека „се усогласил со ценетите египетски и катарски напори кои дејствувале во текот на денот за да се обезбеди продолжување на привремениот договор за примирје“.