Спасовски во Битолско: Владата е тука да им помогне на сите граѓани

За време на посетата на Битола, се сретнав со жителите на селата Кажани и Маловиште, да покажеме дека за нас секој еден е важен, секој еден го заслужува вниманието и грижата, објави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Комплетната реконструкција на патниот правец од село Кажани до село Маловишта, во должина од 4 километри и во вредност од 20 милиони денари, од кои 16,2 милиони денари поддршка од државата преку програмата за рурален развој, се само уште еден доказ за грижата која оваа Влада ја посветува, а со цел подобар живот на граѓаните и напредок на државата.

Воедно, со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, оствариме средба со успешен корисник на ИПАРД Програмата, Флора Фреш.

Владата е тука да им помогне на сите граѓани – продолжуваме со подобрување на условите за живот во руралните средини“ стои во објавата.

Треба да знаете
Последни објави