Спасовски: Годинава пресечени меѓународни транспорти со вкупно 230 кг кокаин

„Кога зборуваме за приоритетите на криминалитетот, ова што денеска го  презентирав за Битола, тоа е тенденција на ниво на државата. СВР Битола има огромно намалување на криминалитетот кој се движи 25% во споредба со минатата година. На ниво на државата имаме намалување на вкупен крминалитет за 11%, а ефикасноста е зголемена за 4%. Еден од приоритетите на МВР е, секако, недозволената трговија со дрога и оружје. Тој приоритет е насочен кон сите СВР-а. Потојат два вида  криминални активности, би рекол, во недозволената трговија со дрога: организирани крминални групи и оние кои се занимаваат со меѓународен транспорт на дрога и оружје, како и уличните препродавачи”, истакна Спасовски за време на денешната посета на СВР Битола.

Тој додде дека 2022 и 2023 се години со најдобри резултати во овој дел.

„Во овој период може да се каже дека имаме извонредни резултати. 2022 ја завршивме како најдобра година во делот на спречувањето на дрога. Оваа година имаме уште подобри резултати од тие што беа минатата година, огромни колични заплена на дрога марихуана, а и кокаин, хероин, амфетамини кои се запленети во поглеми количини. Сакам да истакнам за неколку меѓународни акции, кои беа по информација на нашите служби во МВР – едната со Грција, втората со Албанија, која ја работевме преку СЕЛЕК – заедничка иницијатива за борба против организиран криминал на Југоисточна Европа. Сите заеднички успеавме да, во неколку обиди, заплениме над 100кг кокаин на грчкото пристаниште, во заедничка акција со грчката полиција, или над 130кг кокаин во Албанија по информација на македонските полициски службеници. Пресечени се многу меѓународни канали, исто така и огромно количество оружје”, рече министерот Спасовски.

 Како потврда за таа неселективна борба, Спасовски ја истакна вчерашната акција на територија на ОВР Струга.

„23 криминалци кои учествувале, еден од Охрид, сите останати од Струга и еден албански државјанин, преку едно криминалистичко истражување, подолго следена група која се занимавала со трговија со дрога и оружје. Праќаме директна порака до секој еден кој се занимава со криминал, дека во Македонија тоа нема да се толерира, а порака до секој граѓанин – безбедноста ќе биде на највисоко ниво така како што заслужуваат граѓаните”, истакна Спасовски.

Треба да знаете
Последни објави