Синовите на поп-пејачката Бритни Спирс, Џејден Џејмс и Шон Престон Федерлајн, се видени на Хаваи за прв пат откако се преселиле таму пред три месеци, придружувани од нивниот татко Кевин Федерлајн и еден пријател.
Друштвото се забавуваше на една од плажите, а многумина беа изненадени колку момците се променија и пораснаа. 18-годишниот Шон Престон има долга коса и брада, додека 17-годишниот Џејден Џејмс има многу кратка фризура и е тешко да ги препознаете.
Во едно од последните интервјуа, Кевин зборуваше за врската помеѓу Бритни и нејзините синови и откри дека главната причина поради која повеќе не сакаат да ја гледаат се разголените кадри и фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи. Притоа, тој признал дека со месеци не ја виделе својата мајка, а тоа е затоа што така сакаат.
„Момците одлучија дека не сакаат да ја видат. Тие дури и не сакаа да одат на нејзината свадба“, рече тој.
Иако десет години молчеше за нивната врска заради децата, Кевин сега по многу години молчење предизвика многу коментари. Изјавата која уште повеќе ги налути обожавателите на Спирс беше неговото мислење за односот на нејзиниот татко кон неа.
„Мислам дека неговиот конзервативизам кој траеше 13 години ја спаси“, рече тој.
Поп-ѕвездата и Федерлајн беа заедно од 2004 до 2007 година. Бритни моментално е во процес на развод од Сем Асгари, во кој нашла утеха и поддршка по серија години тага, но нивната приказна немала среќен крај.