Веста за исчезнато дете од Клиничкиот центар во Скопје е лажна вест, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на денешната посета на СВР Битола.
Спасовски посочи дека лажни вести не шират медиумите и медиумските работници во земјава, туку лица на социјални мрежи или политичари и политички партии кои од секој можен аспект гледаат како да направаат некаква штета, а тоа не е шетета на поединци туку на државата.
-Aко погледнеме низ ретроспектива, кога доаѓа време за избори во државата ни се случуваат лажни вести кои се мотивирани од одредени личности и структури. Не мора тоа да бидат само политички мотивации, туку и од други апсекти. Пред три години, кога имаше избори почнуваа да се отвораат теми за мигранти, грабнување на деца. Но, и пред неколку дена имавме лажна пријава за грабнување деца. Беше приведен стористелот и го призна делото. Сега имаме нова лажна вест, наводно има исчезнато дете што е апсолутно лажно, потврди министерот Спасовски.
Тој упати апел никој да не се служи со лажни вести кои предизвикуваат немир кај граѓаните и најави дека ќе има најжестока реакција од институциите.